Над 20 младински репрезентативци доаѓаат во Прилеп

259

Во периодот од 20 до 23 август во Прилеп ќе се одржи 11. издание на меморијалниот турнир во чест на прилепската ракометна легенда Миле Нешкоски. Бранител на трофејот ќе биде екипата на Еурофарм Пелистер 2, а покрај битолскиот тим и домаќинот Прилеп, ќе учествуваат уште Мулти Есенс, Младост, Бутел и Тиквеш.

Во дел од екипите има играчи кои настапуваат за младинските селекции на Македонија, па прилепската публика во живо ќе може да ги види квалитетите на идните ѕвезди на македонскиот ракомет.

Вкупно 13 играчи кои го освоија деветтото место на Европското кадетско првенство во Србија ќе се појават на теренот во спортската сала при СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.

Тука се Стефан Ѓоргиевски, Горазд Дамчевски и Стефан Ѓорѓиевски од Мулти Есенс, потоа Трајче Костов, Лука Јовиќ, Тома Симоновски, Ѓорѓи Лешниковски, Петар Николовски, Архангел Трсунов и Атанасиј Трсунов од Бутел, како и Андреј Георгиев, Мелин Фехми и Јован Симоновски од Еурофарм Пелистер 2.

На турнирот ќе играат и дел од членовите на младинската репрезентација кои настапија на Европското младинско првенство 2026 – Христијан Гурмешевиќ, Даријан Ѓоќески, Максим Гарбески, Јулиан Матески, Матеј Тевдовски и Матеј Петрески од Мулти Есенс, потоа Лука Ѓоргиевски, Марин Крстевски, Александар Славков и Иван Младенов од Еурофарм Пелистер 2, како и Марко Каевски, Александар Симоновски и Давид Јаневски од Бутел.

Едно од неколкуте засилувања на Еурофарм Пелистер 2 е сениорскиот репрезентативец Кристијан Симоноски, кој во Битола пристигна од Алкалоид, додека Тиквеш во Прилеп доаѓа со Мики Лазов – младински репрезентативец кој имаше одличен настап на Европското младинско првенство ова лето.

Сѐ на сѐ, над 20 младински репрезентативци ќе пристигнат во Прилеп со своите екипи, а прилепската публика ќе има можност да ги види на едно место најталентираните млади ракометари кои во иднина треба да бидат носители на македонскиот ракомет.

Група 1: Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци
Група 2: Бутел, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2

Распоред на натпревари:

20 август
18:00 – Бутел – Тиквеш
20:00 – Прилеп – Мулти Есенс

21 август
18:00 – Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Младост Богданци

22 август
18:00 – Еурофарм Пелистер 2 – Бутел
20:00 – Мулти Есенс – Младост Богданци

23 август – натпревари за пласман:
16:00 – натпревар за 5. место
18:00 – натпревар за 3. место
20:00 – финале

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT