Амбициозниот РК Прилеп утре на домашен терен против Куманово ќе ја стартува новата сезона, во која влегува со јасна цел конечно да избори пласман во плеј-офот.
Според пишувањата на „Monte-handballia“, во тимот предводен од Наум Танески би требало да пристигне уште еден Црногорец.
Станува збор за талентираниот Лав Зековиќ (генерација 2009), кој настапува на позицијата среден бек и досега го носеше дресот на Партизан од Тиват.
Доколку преговорите завршат успешно, Зековиќ ќе биде третиот ракометар од Црна Гора во составот на Прилеп, по Владан Кастратовиќ и Денис Шабановиќ.
Зековиќ ова лето со репрезентацијата на Црна Гора настапи на Европското кадетско првенство во Србија, како и на Медитеранските игри во Словачка.