По гостувањето на Вардар, екипата на Младост повторно ќе игра пред својата публика, а овојпат во Богданци ќе гостува Алкалоид на селекторот Кире Лазаров.
Алкалоид во новата сезона влезе одлично и по првите три кола има максимален ефект од три победи. Тимот на Лазаров најпрво славеше против Мулти Есенс, потоа на гостински терен против Еурофарм Пелистер 2, а во претходното, 3. коло убедливо го совлада Куманово.
Младост, пак, во првите три кола одигра два натпревари на домашен терен, против Прилеп и Вардар, додека на премиерата кај Бутел успеа да освои бод.
Ова ќе биде трет натпревар по ред на кој Младост ќе игра пред својата публика. Во претходното коло, поради замена на домаќинството, вардарци беа фомално домаќини кај богданчани.
Натпреварот меѓу Младост и Алкалоид е закажан за в сабота (26 септември), со почеток во 18:30 часот во спортската сала „Млаз“.
Гостувањето на Алкалоид, тимот кој го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп во сезона 2024/25, ќе биде одлична можност за љубителите на ракометот во Богданци, но и од целиот Југоисток, во живо да ги видат квалитетите на дел од македонските репрезентативци – Ненад Костески, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Мартин Велковски, Марко Стојковиќ…
Досегашни резултати на Младост:
Бутел – Младост 30:30
Младост – Прилеп 29:30
Вардар – Младост 44:34
Досегашни резултати на Алкалоид:
Алкалоид – Мулти Есенс 38:28
Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 27:31
Алкалоид – Куманово 37:21