Овој викенд, на 26 и 27 септември, Ресен ќе биде домаќин на два ракометни натпревари.
Најпрво, во сабота, кадетите на Преспа ќе го пречекаат Алкалоид во натпревар од 2. коло од кадетската лига. По поразот од Прилеп во првото коло, младите ракометари на Преспа повторно ќе играат пред домашната публика, овојпат со желба да стигнат до првиот триумф и првите бодови во новата натпреварувачка сезона.
Ден подоцна, на терен ќе се најдат и сениорите на Преспа, кои во рамките од 3. коло во прволигашката конкуренција ќе го пречекаат Шампион. Ресенчани имаа два минимални порази на стартот од сезоната, од Текстилец и Партизан, па против Шампион ќе имаат нова можност да стигнат до првата победа.
Кадетска лига, 2. коло:
26.09, 12:00 часот – Преспа – Алкалоид
Прва лига, 3. коло:
27.09, 19:00 часот – Преспа – Шампион
Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Зоран Стојановски“.