Екипата на Алкалоид со максимален ефект го заврши првиот круг од регуларниот дел во Супер лигата, откако на гостувањето во Охрид кај истоимената екипа триумфираше со 29:22. Сега екипата од Автокоманда има 11 од 11, додека амбициозниот Охрид останува на осум победи во досегашниот тек од сезоната.
Победничката екипа беше предводена од Мартин Серафимов, репрезентативецот беше шутерски расположен и натпреварот го заврши со 100% реализација, постигна 12 гола од 12 обиди, четири од нив беа од 8-9 метри, а осум гола постигна од пенал.