Познати судиите за дербито Вардар – Алкалоид

330

На програмата од 10. коло во Супер ракометната лига е градското дерби меѓу Вардар и Алкалоид и токму овој натпревар ќе привлече најголемо внимание кај македонската спортска јавност.

Лидерот Вардар засега има максимален ефект и ќе се обиде да ја продолжи победничката серија, додека Алкалоид ќе бара начин да им го нанесе првиот пораз на „црвено-црните“. 

Дерби дуелот е закажан за в сабота (14 ноември) со почеток од 18:30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“, а правдата ќе ја дели судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Делегати на натпреварот ќе бидат Марјан Начевски и Ацо Николовски.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе