Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре на домашен терен ќе го пречекаат полскиот шампион Висла Плоцк во рамки од 9. коло од европската елита. За македонскиот шампион овој натпревар е од голема важност, бидејќи со евентуална победа ќе биде многу блиску до пласман во осминафиналето.
Еурофарм Пелистер во досегашниот тек од сезоната во Лигата на шампионите освои четири бода, исто толку има полскиот шампион, додека на последното место во групата А се наоѓа Фредериција со бод помалку – односно 3.
Утрешниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“, со почеток во 20:45 часот.