Италијанскиот Бриксен ќе биде осминафиналната пречка за тимот на Алкалоид во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот Куп. Ждрепката во Виена посака македонскиот претставник да добие ривал по мерка, но со оглед на подемот на италијанскиот ракомет, ракометарите на Лазаров мора да бидат претпазливи и да не влезат со потценување.
Првиот натпревар меѓу двете екипи ќе биде одигран на 15/16 февруари во Италија, додека реванш натпреварот на 22/23 февруари во Автокоманда. Победникот од овој двобој ќе обезбеди пласман во четвртфиналето во Европскиот Куп.