Кипријановска: Со добри подготовки може да обезбедиме пласман на СП

217

Женската сениорска репрезентација на Македонија за пласман на Светското првенство 2025 ќе се бори против незгодната Полска.

Ривалот на Македонија имаше добар настап на Европското првенство 2024, триумфираше над Шпанија, Португалија и Романија и во баражот против „црвено-жолтите“ влегува како голем фаворит.

Интернационалката Јована Кипријановска, која настапува во Франција, смета дека Македонија има шанси да обезбеди место меѓу најдобрите светски репрезентации.

,,Полска е еден искусен противник со играчи што играат во добри клубови, но не треба на никој противник да се гледа со премногу респект. Полска има разновидна игра, покажаа различни тактички варијанти на Европското првенство. Ние покажавме дека може со добра одбрана да се држиме со сите репрезентации, ни треба уште работа во напад, но мислам дека веќе влеговме во некој ритам и треба само мали финеси за да биде уште подобро. Со добра подготвеност и срце мислам дека може да се пласираме на Светското првенство”,  изјави Кипријановска.

Првиот натпревар меѓу Полска и Македонија ќе се одигра на на 9/10 април, додека реваншот ќе биде на 12/13 април во Скопје.

 

Македонија доби силен ривал во баражот за СП 2025

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе