Тиквеш на мегдан со шампионот, Гостивар против Чаир брка 4-та победа

202

Денеска ќе се одиграат преостанатите три натпревари од 11. коло во прволигашката конкуренција. Тиквеш, кој во претходното коло славеше над Вардар, ќе биде домаќин на МЗТ Скопје и пред својата публика ќе посакува уште една победа во низа. Тимот од Кавадарци во досегашниот тек од сезоната на десет одиграни натпревари оствари три победи.

МЗТ Скопје по поразот од ТФТ успеа да се консолидира, во 10. коло беше подобар од Феникс, додека пред неколку дена славеше над Цедевита Јуниор во рамки од последното коло од првата фаза во АБА 2 лигата, па така актуелниот шампион на денешниот натпревар во Кавадарци влегува како фаворит.

Соочувањето меѓу Тиквеш и МЗТ Скопје е закажано за 18:00 часот, а еден час порано ќе се одигра натпреварот меѓу Гостивар и Чаир. Гостивар има ист ефект како Тиквеш (3-7), додека Чаир во досегашниот тек од сезоната оствари седум победи, а доживеа три порази. Доколку избраниците на Малинков победат, тогаш ќе фатат приклучок кон средината на табелата.

Феникс, кој остана без искусниот Ивица Димчевски, на свој терен ќе го пречека Шкупи. Факт е дека Шкупи на денешниот натпревар ќе биде голем фаворит, но младиот прволигаш на дел од досегашните одиграни натпревари покажа дека може да се надигрува со посилните ривали. Натпреварот меѓу Феникс и Шкупи ќе се одигра со почеток од 19:00 часот.

 

На линковите подолу ќе може да ги проследите во ЖИВО денешните три натпревари од 11. коло

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе