„Тодор Узунчев покажа дека може да биде светла иднина на македонскиот ракомет“

169

Екипата на Бутел Скопје е на добар пат да обезбеди место во плеј-оф фазата од суперлигашкото друштво и на преостанатите натпревари од регуларниот дел ќе треба да го даде максимумот доколку посакува да се бори за излез на европска сцена.

И во оваа сезона клубот ја продолжува тенденцијата да промовира македонски имиња, а еден од големите надежи – младинскиот репрезентативец Тодор Узунчев против посилните екипи покажа одлични партии.

Тренерот на Бутел Скопје, Горан Кузманоски, потенцираше дека Тодор Узунчев може да биде светла иднина на македонскиот ракомет.

,,Клубот заедно со мене одлучивме оваа сезона да ја промениме екипата. Разговаравме и решивме да донесеме млади играчи кои што предходната сезона имаа помала минутажа. Прашањето беше дали со доведување на странски играчи би направиле место погоре според буџетот што го има клубот или со млади играчи македонски играчи со добар тренажен процес би го направиле истиот успех? Еден пример: Тодор Узунчев, некако во сенка и заборавен, играч кој што има голем потенцијал да прерасне во добар играч, на неколку натпревари посебно со фаворитите покажа дека може да биде светла иднина на македонскиот ракомет. Морам да напоменам дека имаме и еден интернационалец – Драган Шољиќ, кој што пред се карактерно и играчки покажа дека од голема помош, посебно во одбраната. Со него Тодески доби сигурност во одбраната. Клубот одлучи исто така да вложи и со тоа да потпише со дел играчите кој што настапуваат во младинските категории (2006-07). Дел од нив тренираат до прва екипа, добиваат шанса да бидат во состав со првата екипа и во одредени натпревари и минутажа. Со тоа би добиле поттик плус во тоа што го тренираат, но мора да се биде трпелив во резултатите. Стефан Стојановски кој што е мој помошник и тренер на младинците одлично се вклопи и мислам дека ќе биде и многу подобро во преостанатиот дел од сезоната“, изјави Кузманоски за клупската страна на скопскиот клуб.

Бутел Скопје на 16 одиграни натпревари оствари осум победи и со 16 освоени бодови се наоѓа на 5. позиција на табелата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе