Македонскиот шампион Вардар вечерва гостува кај Мелсунген во Касел, во рамките од првото коло во Лигата на шампионите, каде што „црвено-црните“ се враќаат по неколку сезони пауза.
Натпреварот стартува од 20:45 часот и ќе може да го проследите на платформата ЕХФ ТВ, односно на овој ЛИНК, како и на ТВ Арена Спорт Македонија.
За следење на натпреварот преку платформата ЕХФ ТВ, потребно е да се регистрирате и да се претплатите.