Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска на Европското првенство во Црна Гора ќе го стартува разигрувањето за пласман од 17 до 20 место. Избраниците на Наум Танески со вчерашната победа над Италија од 29:23 (11:11) си обезбедија опстанок во евро елитата, но и пласман на следното младинско СП (2026). Сега за кадетите на Македонија преостануваат уште два натпревари, најпрво со Израл, па потоа во зависност од остварениот резултат ќе следи борба за 17 или 19 место со Полска или Грција. Според остварените резултати во текот на кадетскиот континентален собир, фаворитската улога на овој дуел ја имаат „црвено-жолтите“. Денешниот натпревар против Израел ќе се одигра со почеток од 19:30 часот во СЦ „Морача”.
ФОТО: РФМ