Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, засега го држи лидерското место на листата на стрелците на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. Искусниот Кузмановски на пет одиграни натпревари постигна 41 погодок, најмногу имаше против Гвинеја (12) и Унгарија (10).
По Кузмановски со 40 погодоци се наоѓаат Марзо Франкис од Катар и Тен Велде од Холандија, додека Данецот Матијас Гидсел во досегашниот тек од Мундијалот постигна 39 погодоци.