Кожув по пет години го најде лекот за Пелистер

89

Екипата на Кожув во рамки од 16. коло од Првата лига на свој терен триумфираше над вицепрвакот Пелистер со 91:73. За клубот од најјужниот македонски град ова беше 10-та победа во новата натпреварувачка сезона и прв триумф над пелистерци по речиси пет години, последниот го имаа кон крајот на месец февруари, 2020 година.

Кошаркарите на Кожув доминираа во текот на целиот натпревар, а гостите од Битола единствено беа подобри во последната четвртфина со 21:20, но тоа нe беше доволно за поблаг пораз. Клучната разлика домашниот тим ја направи во првите дваесетина минути, по 10 минути игра имаше пет поени разлика, 28:23, а втората четвртина ја доби со 24:12, а во еден момент од натпреварот водеше и со 28 поени разлика.

Андрија Стевановиќ имаше шоу на теренот постигнувајќи 31 поен, а го следеше Американецот Вилсон со 16 поени. Во поразениот табор единствено расположени беа Мишковиќ со 19 и Стојановиќ и Бојиќ со по 11 поени.

Работнички го збриша Вардар, МЗТ со камата му наплати на Чаир

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе