Рекордот на Лазаров од 2009-та останува недопрен

71

Легендарниот Кирил Лазаров и понатаму останува рекордер со најмногу постигнати погодоци на едно Светско првенство. Рекордот на нашиот Лазаров од Мундијалот во Хрватска (2009) кога постигна 92 погодоци сѐ уште останува недопрен, па така екс репрезентативецот на Македонија останува „крал на стрелците“ на Мундијалите.

На штотуку завршеното Светско првенство 2025 за најдобар стрелец беше прогласен Данецот Матијас Гидсел, кој на девет натпревари постигна 74 погодоци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе