Бразилски репрезентативец го засилува Еурофарм Пелистер

109

Бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекбарт е нов член на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер.

Десното крило на најдобрата јужноамериканската селекција и четвртфиналист на последното Светско првенство потпиша договор на две сезони и од почетокот на сезоната 2025/26 ќе се приклучи во новата средина.

Се работи за 31-годишен ракометар со многу одличја во дресот на бразилската репрезентација. Рудолф е двоен шампион на Јужна Америка, медалист од Панамериканските игри и стрелец на преку 300 гола за „кариоките“.

Во клупскиот ракомет настапуваше во Бразил и Шпанија, а во АСОБАЛ лигата ги носеше дресовите на Ла Риоха од Логроњо, Уеска и Куенка, клубот од кој доаѓа во Битола.

Рудолф потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на почетокот од подготовките за следната сезона.

Претходно, битолчани го потврдија трансферот на репрезентативецот на Полска, Анџеј Видомски, кој настапува на позицијата десен бек.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT