Тимот на Охрид го претстави новото засилување за претстојната сезона. Ново засилување под обрачите на Охрид е младиот Филип Пандев, кој ростерот на Тони Стојаноски го засили од МЗТ Скопје Уни Банка. Претходно Охрид го договори Андреја Атанасов од Вардар, а раководството на клубот ја продолжи соработката со дузина играчи. Охрид минатата сезона не успеа да го сочува елитниот статус и во оваа сезона ќе брка камбек во Првата лига.