Еден од најголемите битолски таленти во комбинација за настап на СП во Полска

236

Селекторот на машката младинска репрезентација Раде Стојановиќ го скрати списокот за претстојната ЕХФ недела. Во краток временски период ќе има задача да ги профилира најдобрите и да го формира составот што ќе настапи на Светското младинско првенство.

Меѓу повиканите се најде и едно ново име – десниот бек Лука Ѓорѓиевски. Битолчанецот, кој настапува за младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, континуирано има добри партии во младинската конкуренција. Тој беше дел и од составот што испиша историја во Букурешт со пласманот на Ф4 турнирот во младинската Лига на шампиони.

Кам-бек во репрезентацијата имаат Славчо Шулевски и Томислав Димковски, двајцата паузираа одреден период поради повреда, но полека се враќаат во посакуваната форма. Поради обврски со сениорската селекција, ЕХФ неделата ќе ја пропуштат Иван Галевски, Александар Петковски, Дамјан Митев и Валентин Карасманакис.

Светското младинско првенство ќе се одржи од 18 до 29 јуни во Полска, а Македонија за ривали во групната фаза ги има Фарски Острови, Исланд и Романија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT