Струга продолжува да „раѓа“ нови таленти – Стефан Ѓорѓиески блескаше на Ф4

85

Кадетите на Струга го освоија среброто на Ф4 турнирот во својата конкуренција, откако во финалето беа поразени од новиот шампион – Еурофарм Пелистер со 38:31. Иако Струга не успеа да ја заврши сезоната со злато, сепак, уште еднаш покажа дека правилно работи со младинските категории.

Стефан Ѓорѓиески, кој на Ф4 турниот беше прогласен за најдобар стрелец, најдобро лево крило и МВП, е само уште една потврда дека Струга продолжува да „раѓа“ нови таленти.

Заслугите за успесите во младинските категории на Струга одат и на сметката на тренерот Жарко Ферукоски, кој денеска го имаше својот десетти Ф4 турнир, што е сатисфакција за неговата континуирана посветеност и квалитетна работа со младите генерации.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT