ТФТ ќе организира меморијален турнир „Андреј Грковски – Тафта“

426

Поранешниот Куп освојувач на Македонија – ТФТ во периодот од 6 до 7 септември во СРЦ „Кале“ ќе организира турнир во чест на навивачот на ТФТ, Андреј Грковски – Тафта. Покрај домаќинот, учесници на овој турнир ќе бидат уште Работнички, МЗТ Скпје и Кожув. Од раководството на ТФТ посакуваа овој турнир да биде со меѓународен карактер, поканета беше екипата на Ираклус, но грчкиот тим иако планираше да дојде во Скопје, сепак, го откажа најавеното учество. Официјалниот ждреб за турнирот ќе се одржи на 3 септември во 20:00 часот, а истиот директно ќе биде пренесуван на социјалните мрежи на профилот на ТФТ. Домаќинот ги поканува сите љубители на кошарката да присуствуваат на овој настан, ќе има многу новини во мак баскетот и ветуват добра забава и квалитетна кошарка за сите посетители. Карти за натпреварите ќе може да се купат на самиот влез во салата и ќе чинат 100 денари. Од ТФТ соопштија дека сопствениците на сезонските билети ќе можат бесплатно да ги проследат сите натпревари. Посетителите ќе може да донираат средства во посебна кутија за донации. Дел од средствата за билети ќе бидат наменети за семејството на Андреј Грковски.

 

Термините за одигрување на натпреварите се:
Петок 06.09.
Полуфинале 1 18:00 ч.
Полуфинале 2 20:30 ч.

Сабота 07.09.
Натпревар за 3то место 16:30 ч.
Финале 19:00 ч.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе