Екипата на Стружанка, по поразите од Деспина, Ѓорче Петров 2 и Атлетик, им се врати на победите во прволигашката конкуренција и стигна до осма сезонска победа.
Во натпревар од 22. коло, домаќинките немаа поголеми проблеми против најмладиот тим на сениорско ниво, тимот на Шампион, и триумфираа убедливо со 39:18
Претходно, пред овој натпревар, на победа се радуваше и РК Струга против Радовиш, па струшкиот ракомет имаше успешен ден пред својата публика.
Стружанка во победата беше предводена од Еџе Сејадин со 18 погодоци и Тијана Переска со 11 реализации. Кај Шампион прв стрелец беше Христина Трајанова со пет погодоци.