Савески со одлична сезона – меѓу поистакнатите асистенти во елитата

97

Еден од ракометарите кои во досегашниот тек од сезоната оставија солиден впечаток кога се работи за организатор на играта е членот на Струга, Бобан Савески.

Средниот бек на стружани се истакнува како еден од најдобрите асистенти во Супер лигата, потврдувајќи ја својата важна улога во својот тим и моментално е меѓу најдобрите шест асистенти во најквалитетното домашно натпрењварување.

24-годишниот ракометар сезонава, освен организациски, прикажува и добри напаѓачки партии, со што дополнително го зацврстува својот статус како еден од најконстантните играчи во ростерот на Жарко Ферукоски.

Во дуелот од 4. коло, од суперлигашкиот плеј-аут, средниот бек од Струга се покажа во добро светло на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2, а придонес даде и во денешната победа над Радовиш.

Струга сезонава се бори за опстанок, најверојатно преку бараж, исто како и лани, ќе бара да остане во суперлигашкото друштво.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT