Серафимов во ТОП ФОРМА пред квалификациите за ЕП

898

Десниот бек на Алкалоид, Мартин Серафимов, се наоѓа во одлична форма пред воведните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во три земји – Данска, Шведска и Норвешка.

Серафимов на вчерашниот дерби дуел со Еурофарм Пелистер беше најефикасен во својот тим, натпреварот го заврши со осум гола и беше меѓу најзаслужните за остварената победа од 32:25. Еден од головите на Серафимов го одбележа дерби натпреварот, откако десниот бек во самиот финиш  испрати „проектил“ во мрежата на пелистерци.

Македонија квалификациите за настап на континенталниот собир 2026 ќе ги започне на 6 ноември, тогаш избраниците на Лазаров на свој терен ќе се соочат со Естонија, потоа на 10 ноември во Вилнус ќе играат против Литванија.

Ривал на Македонија во квалификациската група е уште репрезентацијата на Словенија, која е голем фаворит за првото место во групата.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе