🎥Атрактивен гол на Ален Ќосевски во мрежата на шампионот (ВИДЕО)

69

Екипата на Охрид го оствари најголемиот клупски успех, откако го елиминираше Еурофарм Пелистер во полуфиналето од Купот на Македонија.

Охриѓани одиграа доминантно во двете полувремиња, триумфираа со 26:19 и за својот прв трофеј ќе се борат против Вардар во финалето кое е закажано за в недела.

Последниот гол на Охрид на средбата против пелистерци, во спортската сала „Парк“ во Струмица, беше вистинска атракција – дело на десното крило Ален Ќосевски.

Дали Охрид ќе стигне до првиот историски трофеј или Вардар, како бранител на Куп трофејот, нема да дозволи тој да заврши во други раце, ќе дознаеме на 19 април.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT