Македонија добива нов селектор?

155

Женската репрезентација на Македонија ќе биде дел од Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во дури пет земји – Романија, Словачка, Турција, Чешка и Полска.

Нашата селекција пласманот на третото по ред Европско првенство го обезбеди преку квалификациите, како една од најдобрите третопласирани репрезентации, а клучно за освоеното трето место во својата група беше победата над Белгија во Куманово.

Македонија во групната фаза ќе се натпреварува во група со Романија, Швајцарија и европската велесила Норвешка. Според пишувањата на порталот „sportsport.mk“,  големи се шансите репрезентацијата на Македонија на ЕП да биде предводена од нов селектор.

Дали Кристијан Грчевски ќе остане предводник на репрезентацијата, или РФМ ќе одлучи да има промена, останува да видиме во наредниот период.

Европското првенство 2026 ќе се одржува во периодот од 3 до 20 декември.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT