Џигероски ја надмина границата од 100 гола во Првата лига

100

Екипата на Мулти Есенс е на милиметри од кам-бек во елитата, а еден од најзаслужните за одличните резултати на младиот тим од Автокоманда е Немања Џигероски.

Големиот талент од Струга, или како што би го нарекол поранешниот репрезентативец Горан Ѓоргоновски – „Струшкиот Гисли“, ја надмина бројката од 100 гола во прволигашката конкуренција.

Во натпревар од 22. коло, ракометарите на Мулти Есенс без поголеми проблеми славеа над Јехона со 44:27. На овој натпревар најефикасен беше младинскиот репрезентативец Јулиан Матески со 11 погодоци.

Шест реализации зад своето име запиша токму Немања Џигероски, кој со новите шест гола стигна до вкупно 106 погодоци во досегашниот тек од сезоната.

Бекот во сезона 2022/23, тогаш како член на Голден Арт, беше прогласен за најдобар среден бек на Ф4 турнирот во младинската лига.

 

Мулти Есенс на чекор до кам-бек во елитното друштво

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT