Младост фуриозно до 19-та сезонска победа

77

Амбициозниот прволигаш Младост од Богданци пред својата публика одигра фуриозен натпревар против Текстилец.

Во натпревар од 22. коло во прволигашката конкуренција, избраниците на Горан Андоновски триумфираа против штипјани со 36:19 (16:9), за 19-та сезонска победа.

Со новите бодови, тимот на Младост се израмни со Мулти Есенс – двете екипи имаат по 38 бода, но скопјани се подобри во меѓусебните пресметки, па поради тоа засега се на лидерската позиција.

На натпреварот во спортската сала „Млаз“, најефикасни во победничката екипа беа Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ со по седум погодоци.

Кај Текстилец се издвоија Јован Величков и Милисав Петров, двајцата со по четири погодоци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT