Екипата на Спартак за првпат во своето постоење ќе има можност да се бори за трофеј, откако во полуфиналето од Купот на Македонија славеше над Чаир со 24:23.
Иако Сузана Зечевиќ и Сара Цветановска не го доиграа натпреварот поради црвени картони, тимот предводен од Велимир Мицевски не се предаде и успеа до крајот да ја сочува минималната предност.
Искусната голманка Слободанка Кицеска беше одлично расположена во полуфиналниот дуел и натпреварот го заврши со дури 16 интервенции, а на противничките им одбрани и еден седмерец.
Ривал на Спартак во утрешното финале, кое е закажано од 19:00 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица, ќе биде бранителот на трофејот, Ѓорче Петров, кој во полуфиналето немаше проблеми против Пелистер.