Во женското финале од Купот на Македонија се судрија Ѓорче Петров и Спартак, а „лавиците“ не дозволија изненадување и го одбранија трофејот, триумфирајќи со 33:30.
За МВП на Ф4 турнирот беше прогласена членката на Ѓорче Петров, Марија Гугуљанова, а за клубот од Кисела Вода заминаа две признанија.
Интернационалката Сузана Зечевиќ го доби признанието за најдобар стрелец, додека Слободанка Кицеска го однесе признанието за најдобар голман.
Ѓорче Петров го одбрани Куп трофејот, Спартак испрати силна порака