Бучуковски и Чакалиќ ја водеа Македонија Ѓорче Петров до 13-та сезонска победа

170

Со скопската пресметка меѓу Македонија Ѓорче Петров и Аеродром беше комплетирано 22. коло во Првата лига, во која сè поизвесно е дека Мулти Есенс ќе обезбеди директен пласман во Супер лигата, додека Младост Богданци ќе игра бараж за кам-бек меѓу најдобрите.

Предводена од Мартин Бучуковски со девет и Бојан Чакалич со осум постигнати погодоци, екипата на Македонија Ѓорче Петров славеше над Аеродром со 29:26 (15:16). Со освоените бодови, тимот од Ѓорче Петров се задржа на петтата позиција на табелата со 27 бода.

Ѓорчепетровци имаат три бода помалку од четвртопласираниот Вардар Неготино и седум повеќе од Јехона и Текстилец, кои се на 6. и 7. место. Аеродром, пак, останува со учинок од девет победи и 11 порази, што во моментов е доволно за деветтото место. До крајот на сезоната во Првата лига преостануваат уште четири кола.

Прва лига, 22. коло, резултати:
Македонија ЃП – Аеродром 29:26 (15:16)
Мартин Бучуковски 9, Бојан Чакалиќ 8/Бојан Поповски 7
Младост – Текстилец 36:19 (16:9)
Даниел Андоновски 7, Лазар Адамовиќ 7/Милисав Петров 4, Јован Величков 4
Мулти Есенс – Јехона 44:27 (22:13)
Јулиан Матески 11/Адис Салиу 7
Овче Поле – Шампион 33:25 (16:12)
Александар Димитров 6/Давид Јовчевски 10
Вардар Неготино – Преспа 35:22 (18:8)
Ѓорѓи Орешков 17/Христијан Ристевски 8
Партизан – слободен

ТАБЕЛА

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT