Либра од Валандова со прва историска победа

2

Новиот клуб на ракометната мапа во Македонија, Либра од Валандово денеска ја забележа првата победа во својата дебитантска сезона.

Во натпревар од 5. коло во групата Б од пионерската лига, Либра пред својата публика славеше над уште еден нов клуб, Феникс од Радовиш, со пет гола разлика, 16-11.

Најзаслужен за триумфот на домашниот тим беше Димитар Узунов, кој одигра одличен натпревар и постигна дури 12 од вкупно 16-те погодоци на Либра. Кај гостите од Радовиш, Јован Јанков беше најефикасен со шест гола.

Првото славје секако ќе биде дополнителен мотив за најмладите ракометари да продолжат со уште поголем ентузијазам и да напредуваат во остатокот од сезоната.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе