Македонски репрезентативец со две европски титули во период од една година

119

Екипата на Охрид го освои трофејот во Европскиот Куп, а голем придонес во историскиот успех на ,,гладијаторите” имаше и македонскиот репрезентативец Давид Саврески, кој се истакна како еден од клучните играчи во одбраната.

За 23-годишниот Саврески ова е втор последователен трофеј во Европскиот Куп, откако и минатата сезона со својот поранешен клуб Алкалоид се искачи на европскиот трон во третото по ранг клупско натпреварување.

Охрид во вчерашниот реванш од финалето ја совлада Татабања со 31:24 и не само што го подигна трофејот, туку и на импресивен начин ја заокружи сезоната на европската сцена.

Тимот забележа 11 победи и само еден минимален пораз, оној на гостински терен од Целје.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT