Човекот кој го врати Младост во елитата – Горан Андоновски!

172

Југоистокот повторно ќе гледа суперлигашки ракомет, откако Младост успеа да ја елиминира Струга во баражот.

Тимот од Богданци триумфираше со 25:22 и во наредната сезона ќе се натпреварува со најдобрите домашни екипи. Младост последен пат беше дел од суперлигашкото друштво во сезоната 2020/21.

За оваа сезона, раководството на чело со Никола Роглев склопи добар тим и го донесе поранешниот репрезентативец Горан Андоновски како главен стратег, а публиката во Богданци на секој натпревар даваше максимална поддршка.

 

Со само еден пораз, оној од Мулти Есенс во втората меѓусебна пресметка, и едно реми против Драчево Јуниор, тимот на Младост заврши на второто место и обезбеди настап во баражот, кој на крај го претвори во кам-бек во елитата.

Богданчани ќе се натпреваруваат во елитата: Младост ја елиминираше Струга во баражот

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT