Таида Беровиќ потпиша за Спартак

76

Еден од најголемите ракометни таленти во македонскиот женски ракомет, Таида Беровиќ, во следната сезона ќе го носи дресот на амбициозниот Спартак, клуб кој подготвува квалитетен ростер со цел да направи чекор повеќе од претходната сезона.

Беровиќ во вториот дел од сезоната што измина, по распаѓањето на Металург Автокоманда, настапуваше за Вардар. Трансферот во „црвено-црните“ беше нов предизвик за талентираната ракометарка, која доби можност да се докажува во нова средина и да стекне дополнително искуство на највисоко ниво.

Со своите настапи, младата ракометарка покажа дека поседува квалитет, a преминот во Спартак ќе биде нова можност за да продолжи со прогресот и да има голема улога во тимот, кој од клупата ќе биде предводен од поранешниот селектор на Македонија, Симе Симовски.

Левиот бек зад себе има и меѓународно клупско искуство со настапите во Европскиот Куп. Минатото лето настапи на Европското кадетско првенство во Црна Гора каде беше МВП на неколку натпревари, а одличните настапи на клупско и репрезентативно ниво и донесоа и повик во сениорската репрезентација.

Спартак во сезоната што измина заврши на 5. позиција во домашниот шампионат, додека во Куп натпреварувањето беше вистинско изненадување со пласманот во големото финале.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT