Тиквеш го ангажираше првото засилување за новата сезона

163

Играчот со меѓународно искуство и еден од подобрите бекови во нашата лига, Тоше Ончев, потпиша за тимот на Тиквеш.

Ончев минатата сезона ја мина во дресот на Куманово, а сега ќе се обиде да му помогне на кавадарчани да остварат подобри резултати и да бидат уште поконкурентни во новата натпреварувачка сезона.

Левиот бек на домашна сцена беше дел и од Вардар, каде што настапуваше за првиот и вториот тим, а го носеше дресот и на Голден Арт, Работнички, Охрид…

Во странство играше во Грција, Франција, Словенија… собирајќи драгоцено искуство, а најголем квалитет покажа во словенечката лига, односно во Тримо Требње.

Кавадарчани аплицираа за вајлд-карта за настап во Европскиот Куп и многу веројатно е дека ќе ја добијат.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT