Бомбардерот од Битола ќе тресе мрежи за Тиквеш

334

По промовирањето на првото засилување во името на Тоше Ончев, Тиквеш го објави и второто ново име за новата сезона.

Станува збор за Тунижанецот Мохамед Азиз Бен Махфуд, кој во Кавадарци ќе пристигне од Битола, а во завршената сезона беше меѓу најдобрите играчи во Супер лигата.

22-годишниот лев бек имаше одлична сезона во дресот на Еурофарм Пелистер 2, постигнувајќи 179 погодоци на 30 одиграни натпревари.

Тиквеш во новата сезона најверојатно повторно ќе игра во Европа, откако раководството на клубот аплицираше за вајлд-карта за настап во Европскиот Куп.

Клубот од Кавадарци ја исполни зацртаната цел во изминатата сезона со пласманот во плеј-оф фазата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT