Прволигашот Овче Поле денеска го претстави првото засилување за претстојната сезона. Во редовите на клубот од Свети Николе пристигнува Филип Петровски, досегашен член на Драчево Јуниор. Петровски ќе биде големо засилување за Овче Поле, бидејќи може да ги покрие сите бековски позиции.
Во изминатите сезони беше еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција, а своите ракометни почетоци ги направи во ракометната школа на Металург.