По победата над Летонија и слободниот ден, машката младинска репрезентација на Македонија утре ја продолжува битката за што подобар пласман на Европското првенство во Романија.
Избраниците на Игор Илиевски за следен ривал ја имаат репрезентацијата на Турција. Доколку слават во утрешниот дуел, ќе разигруваат за пласман од 17-20 место, каде што ќе се сретнат со победникот од дуелот меѓу Полска и БиХ.
ЛИНК за натпреварот.
За следење на натпреварот потребна е регистрација на ЕХФ ТВ платформата, како и претплата.