Поранешен „бомбардер“ на Струга потпиша за ПАОК

126

Најдобриот стрелец од 51. издание на меѓународниот турнир во Струга, Мерис Бошњак, својата интернационална кариера ќе ја продолжи во нашиот јужен сосед.

Како што објави Спортска Димензија, ракометарот од Црна Гора на своја адреса имаше неколку понуди, а најприфатлива за него беше понудата од ПАОК.

Младиот бек од Црна Гора последните две сезони ги мина во Асобал лигата, настапувајќи за Уеска, а еден период беше надвор од терените поради повреда.

Бошњак во Шпанија пристигна од Македонија, поточно од Струга, во летото 2024 година. Во нашата Супер лига беше дел и од Еурофарм Пелистер 2.

Одличните партии за Струга, клуб во кој беше најдобар стрелец и се етаблираше како еден од најдобрите бекови во суперлигашкото друштво, му донесоа трансфер во Асобал лигата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT