Првата машка лига со 14 екипи: Меѓу пријавените има и два нови клуба!

294

Во новата натпреварувачка сезона во Првата машка ракометна лига ќе се натпреваруваат 14 екипи, од кои две ќе бидат дебитанти. Станува збор за новите ракометни клубови РК Сокол Саса од Македонска Каменица и РК Илинден, клуб кој е основан од неколку македонски репрезентативци.

Меѓу пријавените екипи се и оние кои минатата сезона завршија во ТОП 5 – Драчево Јуниор, Македонија Ѓорче Петров и Вардар Неготино. Во прволигашката конкуренција ќе биде и повратникот Радовиш, кој до неодамна беше дел од Супер лигата.

Во однос на претходната сезона, без сениорски ракомет останува Кичево, a сите останати екипи кои минатата сезона беа дел од Првата лига ќе продолжат да се натпреваруваат во прволигашкото друштво.

Титулата во минатата сезона ја освои Мулти Есенс и клубот од Автокоманда обезбеди директен пласман во Супер лигата, додека Младост Богданци ја елиминираше Струга во бараж дуелот. Сепак, со повлекувањето на Пролет, тимот на Струга останува дел од најквалитетното домашно натпреварување.

Пријавени екипи за сезона 2026/27:

Драчево Јуниор, Вардар Неготино, Преспа, Аеродром, Пролет, Овче Поле, Македонија Ѓорче Петров, Шампион, Радовиш, Партизан Гевгелија, Илинден, Текстилец, Јехона и Сокол Саса.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT