Во Текстилец пристигна играч со суперлигашко искуство

2

Прволигашот Текстилец уште од 22 јули работи со полна пареа за новата натпреварувачка сезона, а во однос на минатата сезона, штипскиот тим претрпе одредени промени во играчкиот кадар.

Во составот предводен од младиот стратег Бобан Попов пристигна и ракометар со суперлигашко искуство – младиот Илија Табаков од Велес, дознава Спортска Димензија.

Табаков во првиот дел од минатата сезона настапуваше за Радовиш, а во актулниов трансфер период Текстилец успеа да го ангажира младиот велешанец. Штипскиот прволигаш со неговото доаѓање добива дополнителна ширина и квалитет во офанзивниот дел.

За левиот бек ова е нов предизвик во кариерата, во која веќе има суперлигашко искуство со настапите за Радовиш и Борец ФЛ. Велешанецот е продукт на ракометна школа на Бисинов, а еден период мина и во редовите на Бутел Скопје.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT