Утре, со натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер 2, стартува новата сезона во Супер ракометната лига во машка конкуренција, а најголемото дерби во 1. коло е на програмата в недела (6 септември), кога во СРЦ „Билјанини извори“ ќе се судрат Охрид, третопласираниот тим од минатата сезона, и вицепрвакот Еурофарм Пелистер.
РФМ веќе ги одреди арбитрите и делегатите за првото коло, па правдата во Охрид ќе ја делат Благојче Тодоровски и Димитар Митревски, додека делегати ќе бидат Ацо Николовски и Лери Мирчевски.