Машката младинска ракометна лига би требало да стартува кон крајот на септември, односно на 19/20 септември, а во новата натпреварувачка сезона ќе учествуваат осум екипи. Меѓу нив ќе има и еден дебитант.
Станува збор за новоформираниот РК Илинден, кој во својата дебитантска сезона ќе има екипа и во младинската конкуренција. Од клупата тимот ќе го предводи Дарко Јанев, тренер со искуство во работата со младински категории.
Од 12-те суперлигаши, младинска екипа нема да имаат Струга, Прилеп, Куманово, Тиквеш и Младост Богданци.
Минатата сезона шампионската титула во младинската конкуренција ја освои Мулти Есенс, додека второто место му припадна на Бутел Скопје. Во ТОП 5 беа уште Пролет, Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид.
Екипи кои ќе учествуваат во младинската лига за сезона 2026/27: Илинден, Охрид, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар, Бутел и Еурофарм Пелистер 2
Минатата сезона во младинската лига учествуваа 10 екипи – осум суперлигаши имаа пријавено младински тим, како и два прволигаши. Во однос на минатата сезона, младински тимови нема да имаат Куманово, Вардар Неготино, Тиквеш и Пролет.