Репрезентацијата на Македонија na 21 ноември во рамки од 3. коло од квалификациите за Европското првенство 2025 на свој терен ќе ја пречека Литванија. За Македонија, која во квалификациите има една победа, она против Полска на гостински терен, дуелот со балтичката земја ќе биде од голема важност, па поради тоа се очекува „црвено-жолтите“ да имаат голема поддршка од трибините.
Натпреварот меѓу Македонија и поранешниот европски шампион ќе се одигра во СРЦ „Кале“, со почеток од 18:00 часот, а билетите ќе се продаваат преку онлајн сервисот на „МК Тикетс“.
Влезници се продаваат по цена од 300 денари, а сите заинтересирани можат да ги набават на следниов ЛИНК.