Кадетите на Младост ја забележаа втората победа во кадетската лига, откако на свој терен триумфираа над Македонија Ѓорче Петров со 35:23 (18:10) во рамките на 2. коло.
Во првото коло, тимот предводен од Далибор Лукиќ и Никола Роглев триумфираше над Текстилец, додека „младите“ лавови беа подобри од Гемиџи.
На денешниот натпревар, одигран во спортската сала „Млаз“ во Богданци, Стојан Иванџиков и Антонио Каракабаков беа голгетерски расположени.
Иванџиков натпреварот го заврши со 10 погодоци, додека Каракабаков имаше два повеќе, односно 12, а кај гостите се истакна Владимир Иванов со 12 погодоци.