Со градскиот двобој меѓу Вардар и Илинден Вардар стартуваше новата сезона во пионерската ракометна лига. Во спортската сала „Круме Кепески“ во Кисела Вода, до победата стигна Илинден Вардар, славеше со 35:21 (19:9).
Тимот предводен од Александра и Дарко Јаневи имаше повеќе од солидна контрола врз резултатот во речиси целиот натпревар, а прво име на теренот беше Леонид Кочишки од победничкиот тим. Тој натпреварот го заврши со дури 13 погодоци, при што имаше и 100% реализација од седмерец (1/1).
Најефикасни кај „црвено-црните“ беа Александар Арзановски и Војдан Ѓорѓиевски, кои постигнаа по четири погодоци.
Во следното, 2. коло, тимот на Илинден Вардар ќе гостува во Велес кај дебитантот Гемиџии. Вардар првата победа ќе ја бара на гостувањето кај Радовиш.