Во натпревар од 3. коло од прволигашката конкуренција, тимот на Преспа пред својата публика дојде до првата сезонска победа.
Преспа, по поразите од Текстилец и Партизан Гевгелија, успеа да го совлада Шампион со 30:17 (13:7) за првите два бода во новата натпреварувачка сезона.
Искусниот Томче Трајчевски беше најефикасен во победничкиот табор со шест погодоци, пет имаше Иван Костовски, додека по четири пати погодија Благоја Јончевски и Драган Ивановски.
Кај Шампион, Филип Спирковски беше најефикасен со пет погодоци.
Прва лига, 3. коло, резултати:
Преспа – Шампион 30:17 (13:7)
Пролет – Радовиш 29:29 (15:15)
Драчево Јуниор – Овче Поле 33:25 (19:11)
Јехона – Македонија ЃП 23:35 (7:17)
Аеродром – Илинден 40:31 (18:17)
Сокол Саса – Вардар Неготино 29:50 (15:28)
Текстилец – Партизан 43:31 (21:16)