РФМ ги казни Тиквеш и Вардар: Кавадарчани ќе платат 50.000 денари

3

По дуелот од 4. коло во Супер лигата во Кавадарци, каде што Вардар ги освои бодовите со победата над Тиквеш од 35:27, Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи да ги казни двата клуба.

Тиквеш е казнет со 50.000 денари, бидејќи, според одлуката на комисијата, кавадаречкиот клуб потфрлил во организацијата на натпреварот. Во „Јасмин“, покрај домашните навивачи „Лозари“, присуствуваа и најверните навивачи на Вардар – „Комити“.

Скопскиот клуб ќе треба да плати 30.000 денари во касата на РФМ, бидејќи од секторот наменет за неговите навивачи биле фрлани разни предмети на паркетот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе