Познати судиите за дуелите во Куманово и Битола

140

Во рамките на 7. коло од Супер ракометната лига, кое започна денеска со натпреварот меѓу Алкалоид и Струга, најинтересно би требало да биде во Куманово и Битола.

Во недела (18 октомври), тимот на Куманово, кој досега освои еден бод, оној на домашен терен против Мулти Есенс, ќе биде домаќин на уште еден повратник во домашната елита, тимот на Младост од Богданци.

Младост досега освои три бода – одигра нерешено со Бутел, Мулти Есенс и во претходното, 6. коло против Еурофарм Пелистер 2. Избраниците на Горан Андоновски со евентуална победа во Куманово би стигнале до пет бода.

Натпреварот во Куманово ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати ќе бидат Лери Мирчески и Душко Камишевски.

Во понеделник (19 октомври), Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Тиквеш во Битола. Младите битолчани во претходното коло освоија голем бод на гостувањето кај Младост, додека Тиквеш славеше во драматичниот дуел со Мулти Есенс.

За избраниците на Бранислав Ангеловски ова ќе биде можност да стигнат до третата сезонска победа и да се израмнат бодовно со кавадарчани. Доколку триумфираат, битолчани би имале седум бода, исто колку и Тиквеш, што дополнително би ја зголемило неизвесноста во средниот дел од табелата, односно во борбата за плеј-офот.

Правдата на дуелот во Битола ќе ја делат Димитар и Дејан Ѓорѓиевски, а делегат ќе биде Ацо Николовски.

Распоред, 7. коло:
14. 10, 18:00 часот – Алкалоид – Струга
17.10, 18:30 часот – Прилеп – Еурофарм Пелистер 
18.10, 16:00 часот – Охрид – Мулти Есенс
18.10, 17:00 часот – Куманово – Младост
19.10, 12:00 часот – Вардар – Бутел
19.10, 18:00 часот – Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе